Вонредна! Авион со над 80 лица и цел бразилски тим на летот се урна во Колумбија

од Vladimir Zorba

Машината  се урнала  при приодот кон аеродромот во градот Меделин

avion
Авион со 72 патници, меѓу кои и целиот фудбалски тим на Чапекоензе, и 9 лица на екипажот се урнаа при пристапот кон аеродромот во колумбискиот град Меделин, објавија светските медиуми.

Сеуште не е јасно дали има преживеани и колку има  жртвите по трагедијата. Според градоначалникот на градот Федерико Гутиерес има и преживеани.

Авионот исчезнал од радарот во близина на врвот Ел кабелски во  месноста Ла Униеон малку пред полноќ по локално време. Машината паднала во планинска реон  надвор од градот, што ги отежнува спасувачките операции.

Бразилскиот тим Чапекоензе од градот Чепеко во државата Санта Катарина во Југоисточна Бразил патувал со чартер лет број RJ85 од Боливија за првиот натпревар против локалниот Атлетико Меделин во финалето на Купот на Јужна Америка оваа среда.

Слични содржини