Вучиќ проговори за страшно сценарио што ја загрозува Србија

од desk2

“Нови турбулентни времиња ја очекуваат Србија, многу немаат трпение да ја поткопаат и да ја дестабилизираат”, изјави премиерот и кандидат за претседател на земјата, Александар Вучиќ, цитиран од радио B92.


“Никој не треба да се осмелува дури да мисли дека ќе ја дестабилизира или поткопа нашата земја”, додаде тој.

“Некои нови турбулентни времиња се пред нас, Бошњаците се стремат кон преиспитување на пресудата на Меѓународниот суд на ОН во врска со геноцидот, Хашим Тачи се стреми кон влез во УНЕСКО и Советот на Европа, додека многу во Србија немаат трпение за некој вид нестабилност, за да стане Србија послаба. Мојата порака е дека Србија ќе биде заштитена и дека ќе успеам да ја заштитам “, беше категоричен беше Вучиќ.

Слични содржини