Ванила колач со чоколадни парчиња

од desk2

За љубителите на ванила-чоколадо вкусот, овие се идеални колачиња.

Состојки:

270 гр. Екстра бело брашно тип 400
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
240 гр. путер
140 гр. бел шеќер
140 гр. кафеав шеќер
1 лажичка ванила
2 јајца
340 гр. чоколадо за готвење, сецкано на ситни парчиња
200 гр. сецкани ореви
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте едно подлабоко тавче со малку масло.
Во длабок сад измешајте брашно, сол и прашок за пециво. Во друг сад измешајте го путерот со екстракт од ванила и бел и кафеав шеќер. Матете ги додека да добиете кремаста смеса. Потоа додадете ги јајцата и продолжете со матење. Во оваа смеса постепено додавајте ја смесата од брашно една по една лажица со постојано мешање. На крај во тестото додадете го сецканото чоколадо и ореви и добро промешајте ги.
Распоредете го тестото рамномерно во подготвеното тавче. Печете го колачот во загреана рерна 25 минути. Кога ќе се излади исечете го на коцки и послужете го.
Пријатен апетит!

Слични содржини