За Европа не е страшно пријателството меѓу Трамп и Путин, туку конкуренцијата на Москва и Вашингтон во Сирија, која е е опасна

од Vladimir Zorba

На Запад се плашеа дека пријателството на новиот претседател на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нема да е поволна за Европа. Стравувањата беа залудни – односите меѓу страните не се подобрија.

Нешто повеќе, растечката конфронтација меѓу нуклеарните држави претставуваат закана за европските држави, предупредува авторот на публикација во Die Zeit Михаел Туман. Отпрвин во Русија многу се радуваа на победата на Трамп, се сеќава Михаел Туман. Многумина сметаа дека ова е почеток на “ново прекрасно пријателство”.

Некои експерти дури стравуваа дека двете страни ќе склучат втор “нуклеарен договор”, неповолна за Европа. Од тоа сепак не само што не излезе ништо, но “факторот Трамп” ги усложни руско-американските односи.

Во Сирија САД и Русија изгледае дека се обединуваа за заедничка цел: борба со џихадисти, но тие исто така ја “делат кожата на не убиената мечка”.

Според тоа како терористите отстапуваат, растат “апетитите” на другите учесници во конфликтот: Курди, сунити, Башар Асад и другите сојузници на Иран и Русија. Конкуренцијата на Москва и Вашингтон во Сирија е опасна.

При тоа врз односите со Москва се одразуваат о внатрешните односи во САД, дури посилно отколку ситуацијата во Сирија, пишува Die Zeit. Трамп одамна се бореше со надвиснатите проблеми врз него, како што тој самиот ги вели, “руските облаци”, односно стандарднитео обвинувањата за врски со Русија.

Сега демократи и републиканци едногласно усвоија пакет на нови санкции против Русија, лишувајќи го Трамп од можноста да влијае на тоа решение. Американските сенатори дури се обидуваат да ги задолжат европските компании кон засилување на казнените мерки.

Сето ова уште повеќе ја изолира Русија, тврди Михаел Туман. За Европа заканата не се прегратките, туку растечката конфронтација меѓу двете нуклеарни држави “- резимира во својата публикација Михаел Туман.

Слични содржини