Заев ќе ја информира јавноста за Договорот со Бугарија

од desk2

Премиерот Зоран Заев попладенво на прес-конференција во Владата (15:00) ќе ја информира јавноста за усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, кој беше усвоен на синоќешната владина седница.

На прес-конференцијата ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Влада на синоќешната седница го прифати Извештајот за извршените преговори и усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Владата донесе одлука со којашто се определува премиерот Зоран Заев да го потпише Договорот.

Слични содржини