Заев – Нинова: Kако левичари, ќе придонесеме за поголема демократија во државите

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев, во својство на претседател на СДСМ, денеска во седиштето на Бугарската социјалистичка партија се сретнал со претседателката на Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова.

Нинова ја поддржала Македонија во интегративните процеси во НАТО и во Европската Унија.

„Договоривме најмалку еднаш да држиме билатерални конференции за да ги размениме сите неопходни искуства. Ние веруваме дека како левичари во оштеството можеме да бидеме авангардата на демократизација на партиите за да има повеќе демократија и во државата. Разговаравме за балканската конференција којашто како иницијатива произлегува од БСП, некаде во септември да ја одржиме токму овде во Бугарија каде што ќе ги поканиме и земјите од Западен Балкан“, изјавил Заев.

Слични содржини