Заев: Ова е обид за мое убиство со умисла и план

од Vladimir Zorba

Лидерот на опозицијата Зоран Заев на прес-конференцијата изрази жалење за насилствата кои што се случија во Парламентот, но посочи дека е направен клучниот исчекор кон демократијата, а тоа е изборот на претседател на Собранието на РМ.

За нападите кон него и пратениците, Заев изјави дека е сигурен дека тоа е обид за убиство со умисла и план. Тој потврди дека се познати напаѓачите и дека од нив дел биле полицајци, а дел бандити. Тој побара јавното обвинителство експресно да реагира бидејќи сите лица се познати на полицијата и документирани.

За можна лидерска средба со Претседателот Иванов, Заев иронично праша дали таа ќе се одржи на Клиничкиот центар каде се наоѓа тешко повредениот Зијадин Села и посочи дека Иванов и Груевски се главните виновници и режисери на ова сценарио.

Заев најави дека ќе почекаат 10 дена за доделување на мандатот и ја поздрави поддршката од меѓународната заедница.

 

„Тешко е зошто си имаме работа со непресметливи луе. Но, со нас се и САД и Брисел и Нато“ изјави тој.

 

 

 

Слични содржини