Захарова: Крим нема да и биде вратен во Украина

од desk2

Русија нема да ја врати контролата врз Крим на Украина, денеска соопшти руското Министерство за надворешни работи во одговорот на соопштението на Белата куќа дека САД очекуваат црноморскиот полуостров да и биде вратен на Украина, пренесоа британските медиуми.

– Ние не ја враќаме својата територија. Крим е територија што и припаѓа на Руската федерација, изјави Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи на денешниот брифинг со новинарите во Москва.

Белата куќа вчера соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува Русија да и ја врати на Украина контролата врз оваа територија.

Слични содржини