Зајакнати мерките за безбедност во Лос Анџелес поради закана од бомбашки напад

од Vladimir Zorba

Полицијата во Лос Анџелес ги зајакна мерките за безбедност во метрото и надземната железница, откако доби информација за закана од експлозија во метростаница во близина на забавниот парк „Јуниверсал“.1480999046-fbi

Началникот на полицијата во Лос Анџелес Чарли Бек изјави на прес-конференција дека информацијата за закана е дадена на ФБИ телефонски од странска служба за безбедност. Тој додаде дека заканата е многу конкретна, но треба да биде проверена.

– Властите имаат информација, која не натера да ги зајакнеме мерките за безбедност во паркот „Јуниверсал“ и на сите станици на метрото, изјави шефот на Одделот за борба против тероризмот Скот Едсон.

Тој додаде дека полицијата редовно добива закани и оти е тешко да се провери нивната веродостојност, но додаде дека патниците во метрото треба да информираат за секоја сомнителна активност.

Градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети изјави дека ќе се качи на метрото на станицата „Јуниверсал“ денеска изутринава за да покаже дека има доверба во мерките за безбедност.

Слични содржини