Завршува вториот филмски фестивал за монтажа „Синематик“

од desk2

Вториот Фестивал на филмска монтажа „Синематик“ ќе заврши вечер со проекција на германската драма „Генерација Милениум“ во режија на Јана Биргелин (2017) и со доделување на наградите „Златен рез“ за филмовите во конкуренција.

Фестивалот го организира Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ-соработници на Македонија со поддршка од Агенцијата за филм.

Беше отворен во четвртокот со македонска премиера на албанско-италијанско-македонската копродукција „Скршено“ во режија на Едмонд Будина.

Лауреат на наградата за животно дело на годинашниот фестивал е познатиот монтажер Андрија Зафрановиќ кој вчера одржа мастер-клас за студентите од Факултетот за драмски уметности, а во негова чест беше прикажан филмот „Уставот на Република Хрватска“.

Во официјалната програма на вториот „Синематик“ беа и филмовите: „Хармс“ во режија на Иван Болотников; „Лето 1993“ на Карла Симон, „Генерација Милениум“ во режија на Јана Биргелин и „Центарот на мојот свет“ на Јакоб Ерва.

Слични содржини