Актуелно
Почетна / Актуелно / Зијадин Села во понеделник првпат ќе се појави во јавноста по нападот

Зијадин Села во понеделник првпат ќе се појави во јавноста по нападот

Претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, првпат по нападот во Собранието на 27 април, кога беше брутално претепан, ќе одржи прес-конференција в понеделник, извести портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.

„ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција на нашиот претседател Зијадин Села. Прес-конференцијата е првата по нападот на 27 април, кога лидерот Села беше онеспособен и сериозно повреден, но Албанците не потпаднаа на гнев кон криминалците и на радост на секој пријател на Албанците, господин Зијадин Села се враќа в понеделник во Тетово“, напиша Таравари./Мета