Зошто последниве години Италија е поштедена од масовни терористички напади?

од Vladimir Zorba

Дали причината се крие во антитерористичките политики, изградени по годините минати воа борба против мафијата и со нелегалната активност или постојат други фактори, пишува британскиот весник The Guardian.

“Основната разлика е во тоа што во Италија нема многу имигранти од втората генерација, кои се радикализираа или кои можат да бидат радикализирани”, коментира професор на Универзитетот во Манчестер и експерт за антитерористички политики.

Според некои експерти Италија успева да се бори со заканата од терористичката група “Исламска држава” на своја територија благодарение на напредните алатки што таа ги користи при истрагата на мафијата. Тие биле развиени меѓу 60-те и 80-те години на минатиот век, обележани од политички терор.

Според податоците објавени од италијанското Министерство за внатрешни работи, антитерористичките власти притворија и сослушаа од 160 до 593 лица меѓу март 2016 година и март 2017 година.

Вкупно 34 илјади лица биле испрашувани на аеродромите во земјата, околу 500 осомничени терористи биле уапсени и 38 биле осудени под обвинение за тероризам. Освен тоа над 500 веб сајта биле затворени и околу половина милион се следат од страна на властите.

Слични содржини