Зврлески вели: За случајот „Маѓар Телеком„ прашајте го судот

од Vladimir Zorba

Јавното обвинителство има поднесено обвинение до Кривичниот суд во Скопје за случајот „Маѓар телеком“ за проневера, предметот е во Судот, вели Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски за sdk.mk

„Обвинителството има поднесено обвинение до Кривичниот суд со тие докази што ги имаме. Предметот е веќе пет до шест години во Судот. Јавете се во судот и прашајте до каде е работата. За имиња и други детали не можам да дадам информација“, ни рече Зврлевски.

Во Кривичниот суд велат дека ќе им треба време да одговорат до каде е овој случај.

За случајот „Маѓар телеком“ во земјава се водат два предмети, во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Зврлевски денеска одби да зборува за истрагата за вториот случај, што го води ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а е поврзан со постапката што се водеше пред правосудните органи во САД и беше отворен откако јавно беше објавено сведочењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Слободан Богоевски пред Окружниот суд во Њујорк, во кое тој тврди дека поранешните директори на „Маѓар телеком“ дале по 2,5 милиони евра поткуп на тогашниот премиер Владо Бучковски и на функционерите на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери, за да не влезе друг телекомуникациски оператор во Македонија.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини