🎥Необично пријателство: Ванила Ајс откри што го поврзува со Пабло Ескобар

од Radmila Tasevska

Vanilla Ice, вистинско име Роберт Ван Винкл познат по хитот „Ice, Ice Baby“, зборуваше за VladTV. Тој раскажа дека се дружел со Пабло Ескобар „многу пати“ и како се поврзале поради љубовта кон чамците и автомобилите.

Тој изјавил дека создале вистинско пријателство. „Иако ова звучи смешно, Пабло беше одлична личност приватно. Како прво, немаше Гугл да му барам име и презиме, и второ: не е во ред да се шетате и да ги прашувате луѓето што прават“, смета поранешната рап ѕвезда.

Колумбиски нарко бос и неговата придружба доаѓале во неговата куќа на островот Стар. Тој откри дека секогаш слетувале со хеликоптери и дека храната ја чувал во фрижидери специјално за нив и им кажувал на своите слугинки да чистат по нив.

Слични содржини