🎥„Тајсон сцена“ во УФЦ: Го гризна ривалот, па беше дисквалификуван!

од Vladimir Zorba

Сцената од 1997 година, во која Мајк Тајсон го гризна противникот во боксерскиот ринг – Евандер Холифилд, јасно е врежана во колективната меморија на љубителите на боречките вештини. Во таа прилика тој одгриза дел од увото, а нешто слично се случило и во октагонот на УФЦ ноќта меѓу саботата и неделата по средноевропско време.

Во „Apex Center“ во Лас Вегас се одржа нов „UFC Fight Night настан“, а најголемо внимание привлече една од воведните борби. Таму се сретнаа Андре Лима и Игор Северино во меч од категорија „мува“ (до 57 кг).

Борбата траеше до средината на втората рунда, кога мораше да биде прекината и да се запише како победа на Лима поради дисквалификацијата на противникот. Причината? Северино екстремно силно го гризна за раката! За тоа сведочат видеата од кафезот.

„Залакот“ најпрвин не беше регистриран, но по некарактеристичната реакција на Лима, тепачката беше прекината, а потоа судијата немаше дилема како да реагира. Доказ имало и на кожата на каснатиот Лима.

За среќа, за разлика од Тајсон 27 години претходно, Северино не успеа да го одгризе месото на својот ривал, но нема сомнеж дека „нападот“ на овој ММА борец беше многу болен.

На тој начин Лима заработи победа во своето деби во УФЦ и сега има 8-0 како професионалец, а на типичен начин од Лас Вегас отиде во студио за тетовирање и се „повтори“ со тетоважа околу местото за каснување. Со тоа ги прослави дополнителните 25.000 долари што ги доби како резултат на победата со прекин.

Дејна Вајт, претседател на УФЦ, најави дека Северино ќе биде отпуштен од УФЦ по ваквиот потег, пренесува новинарот Кевин Аиоли. Овој бизарен пораз беше прв во кариерата на Северино (8-1) и останува да се види како ќе се развива неговата кариера.

Слични содржини