📸📽 Во напад во близина на Тел Авив повредени најмалку 19 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 19 лица се повредени кога непознато лице влетало со автомобил во пешаци во Раани, во близина на Тел Авив, по што едно лице наводно почнало да боде луѓе. Локалните медиуми јавуваат дека истиот инцидент е снимен и на две други локации.

Еден од нападите се случил веднаш до автобуска постојка. Засега нема информации дека се работи за терористички напад, а полицијата ги истражува сите околности на овој настан.

На терен се бројни полициски и екипи на итната помош, а според првичните информации најмалку едно лице е во критична состојба. Меѓу повредените има и деца.

Градоначалникот на Раани побарал од граѓаните да не излегуваат од домовите додека не се утврди за што точно се работи. Училиштата во овој дел од градот се затворени поради безбедноста на учениците.

Слични содржини