📸 Последната објава Навални ѝ ја посветил на сопругата: „Чувствувам дека си блиску секоја секунда“

од Stefanija Kuzmanovska

Последната објава Алексеј Навални ѝ ја посветил на сопругата Јулија за Денот на вљубените.

Алексеј Навални, опозиционер и еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин, почина претходно денеска на 47-годишна возраст во затворот ФКУ ИК-3 во Арктичкиот круг во Русија.

Последната објава рускиот опозициски лидер ја објави на Телеграм во средата, на 14 февруари и беше посветена на сопругата Јулија за Денот на вљубените.

„Душо, со тебе сè е како песна. Меѓу нас има градови, летачки светла на аеродроми, сини виулици и илјадници километри. Но, чувствувам дека си блиску секоја секунда, и јас те сакам се повеќе и повеќе“, напишал Навални.

Слични содржини