📸 Прво огласување на Ѓорѓе Давид по трагичната несреќа: Нејзината поддршка најмногу му значи

од Stefanija Kuzmanovska

Низ тежок период минува рокерот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Давид откако минатиот викенд доживеа страшна сообраќајна несреќа во Северна Македонија во која загина една жена.

Победничката на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, на која во споменатата шоу програма ментор ѝ беше токму Давид, Славица Ангелова, сега се огласи на социјалните мрежи и му упати зборови на поддршка на пејачот.

„Целата моја љубов и поддршка ја испраќам до мојот ментор, човек кој безброј пати ја покажал својата хуманост и големина. Навистина ми е жал што минува низ толку мрачно време, но неговото срце и душа се толку искрени. Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатата во овој трагичен настан. Господ да им даде сила да ги пребродат овие тешки денови“, напишала Славица.

Рокерот ја сподели објавата на својата Инстаграм приказна, а на Славица ѝ порача:

„Ти благодарам сине мој“.

Слични содржини