📸 Пукање во училиште во Германија, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку едно лице е повредено денеска при пукање во училиште во германскиот град Офенбург, а осомничениот е уапсен, јавуваат локалните медиуми.

Над училиштето кружат четири полициски хеликоптери, а на терен се десетици полицајци, пренесува „Билд“.

Од полицијата засега не потврдуваат што се случило, ниту дека имало пукање, а според медиумите е повредена една тинејџерка. Инцидентот се случил во училиштето Валдбах, кое е специјално училиште за деца со потешкотии во учењето.

Слични содржини