📸 Се огласи Селин Дион: „Нема да дозволам болеста да ме дефинира“

од Stefanija Kuzmanovska

Реткото автоимуно нарушување синдром на вкочанета личност, кое влијае на централниот нервен систем, ја стави кариерата на Селин Дион во мирување.

Како што и самата откри, таа е една од милион кои заболеле од ова нарушување.

Познато е дека пејачката веќе подолго време не е присутна во медиумите и не се огласува. Меѓутоа, сега таа направи исклучок.

Пејачката најави дека наскоро ќе се емитува документарен филм за нејзиниот живот.

Режисер е Ајрин Тејлор, номинирана за Оскар. Овој документарец ќе ја прикаже борбата низ која минува познатата пејачка.

„Овие неколку години беа огромен предизвик за мене, патување од откривање на мојата состојба до учење како да живеам со неа и да управувам со неа, но не дозволувам тоа да ме дефинира. Сфатив колку ми недостигаше да не можам да ги видам моите обожаватели. За време на ова отсуство, одлучив дека сакам да го документирам овој дел од животот, да се обидам да ја подигнам свеста за оваа малку позната состојба, да им помогнам на другите кои ја делат оваа дијагноза со мене“, напиша таа на Инстаграм, без точен датум за планираната премиера на документарецот.

Слични содржини