📸 Се огласи жената на која Бритни Спирс ѝ го уништи бракот

од Stefanija Kuzmanovska

Драмата околу Бритни Спирс не стивнува. Се појавија тврдења дека пејачката го уништил бракот на фотографот Аднан Галиб во 2008 година, но неговата сопруга ѝ е вечно благодарна за тоа.

„Толку сум благодарна што, од која било причина, оваа неверојатна личност влезе во животот на мојот сопруг и го извади од мојот“, изјавила Азлин Бери во интервју за Us Weekly во врска со распадот на нејзиниот брак.

Бери била во брак со фотографот Аднан Галиб помеѓу 2003 и 2008 година. Галиб ја запозна Спирс во 2007 година, кога таа скокна во неговиот автомобил за да ги избегне агресивните папараци. Тогаш започнаа повеќемесечна романса.

Имено, Бери го обвини Галиб дека е манипулативен и тврдеше дека немала сила да се извлече од тој нездрав брак, а потоа ѝ се укажала можност да го стори тоа.

„Присуството на Брит беше доволно силен катализатор за да се стави крај на бракот и јас сум ѝ всушност многу, многу благодарна на неа. Сигурна сум дека би се самоубила ако останав во таа токсична врска“, изјавила Бери.

Од друга страна, Бритни во своите мемоари The Woman In Me напиша дека немала поим дека Галиб е оженет кога почнале да се гледаат.

Врската на Спирс со Галиб започна недолго откако таа неславно ја избричи главата и ги нападна фотографите со чадор. Бери поднела барање за развод на 18 јануари 2008 година.

Слични содржини