📸 Вереницата на Огњен Амиџиќ го покажа трудничкиот стомак

од Radmila Tasevska

Мина Наумовиќ наскоро ќе се породи, а сега водителката позираше во својот дом и ги воодушеви своите следбеници.

Огњен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ уживаат во својата љубов, а наскоро оваа популарна двојка ќе добие наследник.

Свршеницата на познатиот водител на емисијата „Амиџи шоу“, која во моментот е на породилно, очигледно сака да се фотографира, а фотографиите редовно ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Наумовиќ сега позирала во одразот на прозорецот и така го покажа трудничкиот стомак, а судејќи по фотографијата, изгледа дека убавата водителка наскоро ќе се породи, пренесе Стандард лајф.

Да потсетиме, Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ започнаа врска откако тој се разведе од манекенката Данијела Димитровска со која го има синот Матеја.

Слични содржини