📸Смеење до солзи: Ева Лонгорија се присети на своите модни неуспеси

од Radmila Tasevska

Актерката и продуцентка Ева Лонгорија редовно ги воодушевува љубителите на модата ширум светот со своите модни изданија на и надвор од црвениот тепих.

Без сомнение, денес темнокосата убавица, која ја паметиме како Габриел Солис во култната серија „Очајни домаќинки“, е една од најдобро облечените холивудски актерки, но во минатото имаше и свои модни моменти кои попрво би ги заборавила.

Сепак, 45-годишната жена со мексикански корени воопшто не се срами од нив и се пошегува со своите стилски грешки објавувајќи на Инстаграм симпатична модна временска машина од периодот во кој штотуку ја започнуваше својата актерска кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Таа извлече од минатото неколку фотографии од раните 2000-ти, кога најбараните модни комбинации беа оние кои го откриваат стомакот.

„Зошто, зошто бев толку луда да го покажам својот стомак на црвените килими?!“ се запраша Ева.

Многумина беа воодушевени од нејзината објава и ја пофалија во коментарите: „Би сакала да имам такви стомачни“, „Убавица некогаш, убавица сега“, „Тоа беа 2000-тите“, „Затоа што многу ти одговара“.

Слични содржини