📽 Џенифер Лопез и Бен Афлек во центарот на вниманието по Супер Боул

од Stefanija Kuzmanovska

Рекламите се составен дел на секој Супер Боул, а најголемо внимание привлече онаа на Dunkin со Џенифер Лопез и Бен Афлек. Со овој потег тие ги воодушевија гледачите ширум светот кои бескрајно се забавуваа.

Бен Афлек и Џенифер Лопез ја воодушевија публиката и јавноста со рекламата која беше прикажана на овогодинешниот Супер Боул. Во рекламата, Афлек влегува во музичко студио каде е Џенифер, со намера да ја запознае со својот бенд и нова песна, а притоа го следат Мет Дејмон и Том Брејди.

„Џенифер, морам да ти покажам што можеме да направиме“, објаснува Афлек со загрижен изглед на лицето додека го чека нејзиниот одговор.

Сепак, Џенифер го прекинува велејќи: „Разговаравме за ова“.

Рекламата стана популарна, на насловните страници ширум светот, па скандалите кои го следеа овој пар изминатава година се во втор план.

Со преку 100 милиони луѓе кои го следеа Супер Боул, брендовите се натпреваруваа да ја смислат најдобрата реклама.

Слични содржини