📽 Жестока тепачка пред Музејот на толеранција во ЛА: Бил емитуван филм за злосторствата на Хамас во Израел

од Stefanija Kuzmanovska

Во Музејот на толеранција во Лос Анџелес бил прикажан филм за злосторствата извршени од палестинската екстремистичка организација Хамас за време на нападот на југот на Израел на 7 октомври.

Пред музејот дошло до судир меѓу произраелски и пропалестински демонстранти.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека проекцијата на филмот била одржана за холивудската заедница и наводно била организирана од Гал Гадот, американска актерка со израелско потекло и Гај Натив, израелски режисер и сценарист кој живее во САД.

ABC News објави дека Гадот не присуствувала на настанот.

Второто прикажување на 47-минутниот филм, направен од прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ), е планирано во Њујорк.

„Холивуд репортер“ објави дека на проекцијата во Музејот на толеранција присуствувал Гилад Ердан, амбасадор на Израел во ОН.

Но, набргу дошло до конфликт, кој се случил пред музејот.

Слични содржини