📽Пронајдена жената од Македонски брод која се оддалечила од домот на 1 јануари

од Vladimir Zorba

Полицијата денеска со хеликоптер во реонот на село Требовлје ја пронајде жителката на село Косово, Македонски Брод, за која нејзиниот брат пријави дека се оддалечила од домот на 1 јануари.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во координација со СВР Битола во реонот на село Требовлје денеска пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од село Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 01.01.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Оттаму дополнуваат дека В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Слични содржини