118 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон и 39 за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини