123 лица во Македонија по вторпат се заразиле со ковид-19, од нив тројца починале

од Берта Китинска

Согласно расположливите податоци на ИЈЗ, во периодот од појавата на првиот COVID-19 заболен во февруари 2020 година па до денес, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 123 случаи на реинфекција.

-Таа појава е забележана кај лица на возраст од 6 години до 81 година. Најголем број од повторно заразените (>80%) биле на возраст над 30 години. За 9 лица имаме податок дека биле хоспитализирани, а за 44 дека биле на домашно лекување. Од вкупниот број на реинфекции – 123,  починале 3 лица на возраст од 63, 68 и 77 години.  Во однос на клиничката слика, ИЈЗ не располага со релевантни податоци за целото времетраење на болеста, објаснува за „Локално“,  д-р Гордана Кузмановска, раководителка на Секторот за контрола и превенција на заразни болести во Институтот за јавно здравје.

Таа вели дека тешко е да се даде одредена проценка за тоа како понатаму би се развивала епидемиолошката ситуација со ковид 19 во земјава.

-Согласно динамиката на бројките за заболени и умрени на дневно и неделно ниво, како и анализите на состојбата со ковид 19 наназад, се проценува дека сегашниот тренд на континуирано зголемување на бројот на заболени или во најдобар случај стабилизиран тренд на одржување на бројот на заболени и умрени ќе се одржува и во наредните недели, вели таа.

Слични содржини