Актуелно
Почетна / Хроника / 21-годишно момче прегазило старица

21-годишно момче прегазило старица

21-годишно момче со својот автомобил удрил во 70-годишна старица во Охрид.

-Вчера во 19.30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот В.П.(70) од Охрид. Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Охрид за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

loading...