Р.Северна Македонија е најизвесниот предлог за решавање на спорот со името !?

од Vladimir Zorba
 Дипломатски извори тврдат дека се разговара и за Република Илинденска Македонија.

 Р. Северна Македонија е најизвесниот предлог за решавање на спорот со името иако во отсуство на официјални информации неофицијалните се повеќе укажуваат на тоа. Не се исклучува можноста утре и во телефонски разговор Заев и Ципрас да го верификуваат ваквото решение кое би било повод и за средбата во Преспа, пишува 24 Вести.   МИА пак вечерва повикувајќи се на Владини извори вели дека сите опции и можни решенија не се исклучени. Дипломатски извори тврдат дека се разговара и за Република Илинденска Македонија.

Во меѓувреме пак во предворието на средбата Заев Ципрас од која се очекуваат клучните моменти поврзани со спорто за името, шефот на Македонската дипломатија Димитров пак ја заокружи неговата посета во Брисел. Во последната изјава која ја пренесуваат медиумите Димитров наведува дека:

-Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла. Имаме искуства со земји што почнале преговори, а потоа се најдоа блокирани. Нема автоматизам. Секогаш кога се политизира овој процес тој не успева.

Во игра се и натаму сите можни предлози за името

Слични содржини