30.000 кристали: Карди Би купи чанта од 50.000 долари за својата тригодишна ќерка

од Stefanija Kuzmanovska

Раперката Карди Би (28) на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои позира со својата тригодишна ќерка Калчр, но најголемо внимание меѓу следбениците привлече модниот додаток што го држи малото девојче во нејзините раце.

Имено, познато е дека Карди не штеди кога станува збор за децата. Пред околу еден месец, таа организираше раскошна роденденска забава за својата ќерка, која ги надмина дури и тие на Кардашијан, а сега и купи скапа чанта Хермес Биркин. Цената на торбата на пазарот е околу 50.000 долари.

„Јас и мојот најдобар пријател засекогаш“, напиша Карди во описот.

Речиси на секоја фотографија, малата Калчр гледа во нејзиниот подарок, жолта персонализирана торба, која има илјадници кристали во сребрени и виножитни бои.

За да може чантата да изгледа совршено, Карди со недели преговараше со дизајнерите за нејзиниот изглед. Беа потребни приближно 100 часа работа само за да се инсталираат 30.000 обоени кристали, пишува Page Six.

Фановите на раперката се поделени околу овој вид подарок. Додека некои мислат дека е одлично, некои сепак тврдат дека е премногу и дека торбата е прескапа за тригодишно дете на кое брзо ќе му здосади.

Да потсетиме, Карди Б во јуни информираше милиони следбеници дека очекува уште едно дете со сопруг познат како Офсет (29). Полот на другото дете се уште не е познат.

Слични содржини