40 нови случаи на коронавирус во Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska

Во Црна Гора потврдени се 40 нови случаи на заразени со коронавирус, така што бројот на активни случаи е 289, соопшти Институтот за јавно здравје.

Од 21 контакт претходно потврдени случаи, два случаи биле увезени, додека кај 17 пациенти се бара изворот на инфекција.

Повеќето заразени се во Подгорица, 79 лица, а Рожаје 78 заболени.

Владата на Црна Гора ги потсети граѓаните на задолжителните мерки за носење маски, држење дистанца во трговските центри, маркети, продавници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Крајот на епидемијата беше прогласен во Црна Гора на 2 јуни, по 28 дена без регистрирани случаи на инфекција.

Првиот нов случај е регистриран на 14 јуни.

Слични содржини