„Каде читаш?“ – изложба на постери од Наталија Лукомска

од Vladimir Zorba

На 25 септември (четврток) во организација на КЦ 750 во парк Авионче Аеродром во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Каде читаш?“ на Наталија Лукомска.

Постерите кои ќе бидат изложени на 25 и 26 септември (19-22 часот) и на духовит начин покажуваат дека нема лошо време и место за читање, се дел од кампањата на издавачката куќа Бегемот за промоција на читањето и развивање на читателската култура во Македонија.

Наталија Лукомска (1981) е илустраторка и графичка дизајнерка. Се занимава со илустрирање и графичка обработка на книги и дизајн на постери. Соработува со неколку македонски и полски издавачки куќи, работела на визуелна идентификација на фестивалот ArtArea Скопје, а изработувала илустрации и за KatowiceArt Jazz Festival. Моментално работи на илустрации за книга за деца.

Слични содржини