Што ќе се случи ако не најдеме лек за коронавирус?

од Vladimir Zorba

Додека многу земји се „заклучени“ и милиони луѓе остануваат без егзистенција, здравствените работници се во потрага по пробив што ќе ја добие борбата против пандемијата од коронавирус, а тоа е вакцина.

Сепак, постои уште една, најлоша опција, дека вакцината против овој вирус да не се развие. Во јавноста, надежите за позитивен исход постојано се зголемуваат, а потоа се намалуваат, бидејќи разни предложени решенија паѓаат пред последната пречка, пренесува Си-Ен-Ен.

Наместо да го бришат Ковид-19, општествата треба да научат да живеат со него. Градовите полека ќе се отвораат и ќе се вратат некои слободи, но со мерки на воздржаност и следејќи ги препораките на експертите.

Тестирањето и физичкиот надзор би станале дел од нашите животи, со постојана можност за инструкции за самоизолација. Може да се развијат и одредени здравствени третмани, но епидемијата би можела да избувнува секоја година и бројот на починати ќе продолжи да се зголемува.

Многу експерти ја прифаќаат оваа можност многу сериозно, како што се случило и порано. Неколку пати.

– Постојат некои вируси за кои сè уште немаме вакцини. Не можеме апсолутно да претпоставиме дека вакцината ќе се случи воопшто и, доколку се случи, ќе ги помине сите тестови – вели д-р Дејвид Набаро, професор на Империал колеџ во Лондон, кој исто така е претставник на Светската здравствена организација (СЗО). за Ковид-19.

Набаро нагласува за Си-Ен-Ен дека е „апсолутно неопходно“ за сите општества во светот да бидат во позиција да се бранат од коронавирусот како постојана закана.

Сепак, повеќето експерти остануваат убедени дека со текот на времето ќе се развие вакцината за „Ковид-19“, делумно затоа што, за разлика од претходните болести како што се ХИВ и маларија, коронавирусот не мутира брзо.

Временска рамка

Многумина, меѓу кои и Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, шпекулираат дека тоа би можело да се случи во период од 12 до 18 месеци.

Но, дури и ако се развие вакцина, користењето во таа временска рамка би било подвиг никогаш порано остварен.

– Никогаш не сме пронашле вакцина во тој период. Тоа не значи дека е невозможно, но тоа би било херојско достигнување, изјави д-р Питер Хотез, декан на Националното училиште за тропска медицина во Хјустон, за Си-Ен-Ен.

Слични содржини