Кристоф Дугари уште еднаш го привлече вниманието со несоодветни коментари.
Поранешен напаѓач кој ја освои светската титула со Франција во 1998 година и Европската две години подоцна, а пред тоа се прослави со Бордо со Зидан и со тоа направи трансфери во Милан и Барселона, денес е стручен коментатор на Радио Монте Карло, каде што често дава скандалозни изјави.
Така беше и овој пат кога тој го коментираше случајот на Антоан Гризман во Барселона. Напаѓачот, кој ја предводеше Франција до светската титула пред две години и за кого Барселона плати 120 милиони евра минатото лето, сега е последната резерва во тој клуб која влегува на терен во судиското продолжение.
„Гризман мора да се наметне во Барселона не само со играта, туку и со неговото авторитативно однесување. Но, тој се плаши, и тоа од кој? Од џуџе кое е полуаутистично! Наместо тоа би требало да му влепи неколку шамари“, грубо Дугари го навреди Меси.