85
27-годишен Мароканец се задуши до смрт, додека се обидувал нелегално да влезе во Шпанија, скриен во куфер во багажник на автомобил. Ова го соопшти полицијата, цитирана од Агенцијата “Франс прес”.
Постариот брат на мажот се обидел да го внесе нелегално во Шпанија со ферибот.
Во неделата, 34-годишниот маж легално се качил со автомобил на ферибот кој пловел за Мелилја, мала шпанска територија во Северна Африка и Алмерија во јужна Шпанија.
За време на патувањето, мажот забележал дека неговиот брат не дише и му сигнализирал на персоналот на фериботот. Членови на екипажот, како и вработените во вонредни ситуации од пристаниште Алмерија обиделе да го реанимираат мажот.
Полицијата го приведе неговиот брат за убиство од небрежност.