Иако законски предвидениот рок од 48 часа за одлучување по жалбите за притвор изминаа, скопскиот Кривичен суд официјално не објави информација дали и каква одлука е донесена во однос на жалбите на СЈО за осуммината осомничени во случајот „Титаник“.
СЈО ги достави жалбите, откако судиите во претходна постапка, ги одбија сите барања за одредување мерка притвор на осомничените.
Меѓу осомничените се екс-министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, како и актуелниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
По распитот сите осомничени не сакаа да ја коментираат истрага која за нив ја води СЈО
Груевски: На изборите одлучува народот, од тоа се плаши СДСМ
Единствено мерка за претпазливост им беше изречена на градоначалникот на Пустец- Едмонд Темелко и на поранешниот секретар на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури.