86
Информации за жртви и разурнувања не се пријавени
Земјотрес од 5,6 степен го потресе североисточниот дел на Јапонија . Според податоците на националната метеоролошка управува епицентарот бил во реонот на префектурата Мијаги на длабочина од 50 километри.
За кратко беше прогласена тревога од цунами. Засега нема податоци за разурнувања и жртви.
Нема информации и за проблеми во нуклеарната централа “Фукушима”, која е во соседната префектура. Земјотресот е почувствуван во 17 префектури на Јапонија.Неизвесноста трае.