96
Хеликоптер кој учествуваше во гасење пожари ширум Португалија се урна, а загина пилотот, објави агенцијата за цивилна заштита.
„Хеликоптерот гасеше пожар во Кабрил кога се урна, нешто пред 13 часот по локално време“, вели портпаролката на агенцијата, пренесе AFP.
Како што се наведува, хеликоптерот е во сопственост на приватната фирма „Еверџетс“, удрил во далекуводите пред да падне на земја и да експлодира.
Ова лето во Португалија се забележани рекорден број пожари, а министерката за внатрешни работи КОнстанца Урбано де Суса човрковата немарност ја смета за главен кривец.