Демократите го повикаа и Џон Болтон да сведочи пред Претставничкиот дом

од desk2
 Демократите во Претставничкиот дом ги повикаа и поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон следната недела да сведочи во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, пренесе денеска Гласот на Америка.
Неколку други сведоци веќе посочиле дека Болтон бил длабоко вознемирен од фактот дека личниот адвокат на Трамп, Руди Џилијани, зад кулисите работел на тоа да ја притисне Украина да ги истражи демократите и кандидатот за претседателска ниминација во 2020 година, Џо Бајден, за наводна корупција, за што всушност никогаш не се појавија докази.

Џулијани наводно водел, тоа што критичарите го нарекуваат „надворешна политика од сенка“, зад грбот на Стејт департментот. Болтон, според изјавите на некои сведоци, наводно овие постапки на Џулијани ги нарекол „ нарко дил“ и кажал дека не сака да има ништо заедничко со тоа.

Трамп го отпушти Болтон минатиот месец, откако се судрија во врска со неколку надворешни прашања, вклучувајќи ја и Украина.

Од заминувањето од Белата куќа, Болтон не се појавуваше во јавноста, а неговиот адвокат изјави дека поранешниот амбасадор во ОН не е подготвен  „ доброволно да се појави пред Конгресот“, што значи дека одборите на Претставничкиот дом ќе мора да му упатат задолжителна покана за сослушување.

Претставничкиот дом, што е под контрола на демократите, оддржува претреси зад затворени врати за да утврди дали има основ Трамп да биде отповикан од функцијата, бидејќи барал странска земја, во случајов Украина, да „ископа валканици“ за неговиот политички лидер, со цел да му помогне да го освои вториот мандат.

Трамп наводно ја задржувал речиси 400 милиони долари вредната воена помош за Украина, условувајќи го претседателот Володомир Зеленски јавно да му вети дека ќе ги истражи Бајден и демократите.

Оваа истрага Трамп ја нарече нелегална, бидејќи Претставничкиот дом никогаш не гласал во полн состав за почнување формална истрага, иако не постои зкаон кој вели дека Претставничкиот дом тоа мора да го стори, наведува Гласот на Америка.

Слични содржини