Адеми нанесе срам на институцијата Собрание, вели Лефков

од Nikola Popovski

Кога велам за ноторни факти, дали пратениците имаат право да се јават за збор за дополнување на дневниот ред? Да, имаат, тоа го дозволува деловникот. Дали пратениците членнови на Комисијата имаат право да се јават за процедурални забелешки? Одговорот е да. Дали е факт дека за дадените предлози за измени и дополнувања на дневниот ред треба да бидат ставени на гласање? Да. Колку во овие два дена, членови и заменици-членови добија процедурална забелешка во Комисијата за европски прашања? Нула. Ниту еден член не доби право. Правата беа давани на координаторот и заменик-координаторот кои не се членови на Комисијата. Два дена не добив право на збор, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за инцидентите во Собранието.

Според него, „времето во текот на вчерашниот ден било потрошено за невидено насилие на Арбер Адеми“.

-Тој нанесе срам на целата институција и го наруши угледот на КЕП и законодавниот дом. Ова е противуставно, противделовничко и противзаконско, рече Лефков во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини