Адвокатот на оштетените за „Ласкарци“: Пропаднал обидот на супервештаците, целата вина да се префрли на возачот

од Radmila Tasevska

На изјавите по испитувањето на вештите лица адвокатите на оштетените во судскиот случај „Ласкраци“ реагираат.

Во изјава за медиумите адвокатот, Владимир Николовски истакна дека според него пропаднал обидот на супервештаците целата вина да се префрли само на шесто обвинетиот, на возачот, а сите други кумулативни пропусти на останатите да се занемарат. Тој смета дека разликата во машинското вештачење и во супер вештачењето е само заклучокот, другото е се исто.

-Тие кажуваат дека ги користеле сите тие наоди од машинското вештачење изготвено на Машинскиот факултет, единствено се разликува во заклучокот, инаку другото е се исто. Одговорноста е само на шоферот, не е на другите пропусти, тоа е очигледно да се пренесе вината само на возачот. Јас имам увид и во машинското вештачење и во ова супер вештачење. Сметам дека само наодот е ист, а заклучоците се различни. Жалам зошто се соочуваме кога претставник на тимот кој го изготвил супер вештачењето кој е со највисок ранг на титула доктор на науки скоро на секое прашање поставено од обвинителот одговара со „не знам“, „не се сеќавам“, „не можам да го утврдам“, „не го разбирам прашањето“ и поради тоа сметам дека пропадна обидот на овие супер вештаци да целата вина се пренесе само на шестообвинетиот – на возачот, а сите други кумулативни пропусти на другите обвинети да се занемараат. На прости прашања што се однесуваа на тие машински вештачења досега немаше конкретен одговор на ниедно прашање, рече Николовски.

Благојче Трпески, татко на еден од починатите рече дека лицето што сведочи, што е на испитување не ги знае основните работи за основните карактеристики на автобусот, како дошло до несреќата, кои доказни материјали ги земале, така што, како што вели, од авион се гледа дека ова е нарачано супер вештачење и дека нема ништо спорно меѓу вештачењето направено претходно на Обвинителството и на одбраната.

Тој упати молба до судијката на случајот како родители, како оштетени да ги сослуша сите релевантни докази и факти што се приложени од супер вештачењето и дека ова нема врска со што го има понудено супер вештачењето. Додаде дека целта беше на супер вештачењето да ги спротивстават меѓу вештачењето на обвинителството и вештачењето на одбраната.

Вештиот наод од Бирото за вештачење, нарачан од Судот пристигна кон крајот на декември изминатата година и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители.

Судењето продолжува по паузата.

Слични содржини