Агенциите на ОН бесни поради нападите врз болниците во Газа: „Убиваат деца кои закрепнуваат“

од Stefanija Kuzmanovska

Претставници на Обединетите нации изразија гнев и неверување поради ситуацијата во болниците во Појасот Газа, каде на повредените не им се задоволени основните потреби, а децата кои закрепнуваат од ампутации умираат, пренесува „Ројтерс“.

„Бесен сум што децата, кои се опоравуваат од ампутација во болниците, ги убиваат со гранатирање“, изјави портпаролот на детската агенција на ОН, Џејмс Елдер, посочувајќи дека најголемата оперативна болница во Газа била гранатирана два пати во изминатите 48 часа.

Портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис, ја опиша ситуацијата во болниците во Газа како „неверојатна“ и „несовесна“.

Израелските сили извршија рации во текот на ноќта и наутро во болницата Ал-Ахли во градот Газа и приведоа поголем дел од вработените, додека болницата Камал Адвин во северниот дел на Газа повеќе не е во функција.

Слични содржини