Агенцијата за филм ќе го тужи Бојаџи: Не се водиме од дневно-политички кампањи

од Nikola Popovski

Агенцијата за филм во целост го демантира тврдењето на режисерот и главен уредник на ТВ Алфа, Јани Бојаџи. Тврдат дека агенцијата никогаш нема да биде дел од дневно политички кампањи за собирање поени во партиски цели.

-За волја на вистината, сепак фактите велат дека прв филм финансиран од страна на Агенцијата за филм при Владата на РСМ предводена од политичката партија на власт – СДСМ е токму филм во режија на Јани Бојаџи.

Целосно ги отфрламе сите наводи за било каква дискриминација по етничка, родова, идеолошка или било каква припадност и целосно ги демантираме изјавите од страна на авторот Јани Бојаџи дека за оценувањето на неговите проекти биле ангажирани посебни читачи (рецензенти) и од таа причина најавуваме тужба за клевета, порачуваат од Агенцијата за филм.

Додаваат дека доколку било кое заинтересирано лице или новинар и самиот режисер кој никогаш не побарал увид за документацијата од конкурсот до сега, може да дојде во Агенција за филм и да ја разгледа апликацијата. Особено ги повикуваат новинарите заради правично информирање на македонската јавност да направат увид на целокупната документација за која говори Јани Бојаџи.

Слични содржини