Ако верувате во математика: Алгоритам укажува најдобро време за пиење кафе

од Vladimir Zorba

По барање на американската армија развиен е алгоритам за војници што укажува за идеално време за пиење кафе, објави „Дејли мејл”.

Ова ќе им помогне да останат будни дури и при недостатокот на сон.

Системските тестови покажаа дека алгоритмот може да ги оптимизира придобивките од кофеинот и дури и да се намали количеството испиено кафе.

Според програмерите, моделот е успешен и учесниците пиеле 40 отсто помалку кафе за да се чувствуваат будни.

Системот е со слободен пристап и носи име – 2B-Alert Web 2,0.

Слични содржини