Активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Јакимовски со морбидни закани до новинарката Мери Јордановска(ФОТО)

од Nikola Popovski

Новинарката Мери Јордановска на својот Фејсбук профил објави како изутринава добивала морбидни закани од кадарот и активист на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Јакимовски.-„Гуска“, „пропагандистичка ороспија“, „да те искреираат на некролог“. Мал сегмент од монологот на „ничим прозваниот“ Емил Јакимовски, кој од 5 до 6 часот изутрина ми се закануваше без престан, не знаејќи ниту каде работам и цитирајќи текстови кои не сум ги напишала, напиша таа.

Јакимовски, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, работи како државен службеник во Централниот регистар и заедно со неговиот брат се сопственици на неколку портали.

Според Јордановска, Јакимовски е веќе пријавен во МВР преку Хелсиншкиот комитет, особено затоа што за него веќе има пресуда за семејно насилство.

https://www.facebook.com/meri.jordanovska/posts/10156572194071583

Слични содржини