Aктивни 13 726 ковид случаи во земјава

од Vladimir Zorba

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 13 726 лица, од кои во последните 24 часа регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи, меѓу кои 13 проценти или 195 се реинфекции.

Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, од кои три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, а на починати е 8.549.

Слични содржини