Албанец од Македонија загинал на фронтот во Сирија

од Nikola Popovski

Албанецот Абдул Рахман Беља, попознат како Калед ал Албани бил убиен во северна Сирија. Според сирискиот новинар Мохамад Даба, терористот бил убиен од снајперист на сириската арапска армија во провинцијата Идлиб, пренесува српски „Курир“.

Беља бил еден од командантите на албанската група, која се борела против сириската војска на северот на земјата.

Како што пренесува српски „Курир“, Беља дошол во Сирија од Северна Македонија во 2013 година и се приклучил на албанската група основана од Абу Катада ал-Албани.

Тој, наводно, прво се борел за Исламската држава, а потоа пребегнал во оперативната група Хајат Тахрир ал-Шам, исламистичка група која била создадена со „ребрендирање“ на Ал Нусра.

Провинцијата Идлиб се наоѓа во северозападна Сирија и е последното големо засолниште на џихадистичките групи во таа земја.

За време на војната, сириската армија склучи локални примирја, со што успеа да ги консолидираат ослободените територии во замена за слободен премин на џихадистите во провинцијата Идлиб.

Ова доведе до концентрација на голем број милитанти во една провинција, а потоа и до постепено групирање на помали групи во Хајат Тахрир ал-Шам.

Слични содржини