Амбасадата на САД: Историски договор меѓу Белград и Приштина

од Nikola Popovski

Американската амбасада во Берлин го нарече „историско“ потпишувањето на изјавата за обнова на железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина.

„Амбасадорот Ричард Гренел ја отвори безбедносната конференција во Минхен со потпишување историски договор за железници и автопати меѓу Србија и Косово“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Германија во својот официјален профил на Твитер.

„Овој договор доаѓа откако минатиот месец беше потпишан последниот договор за враќање на директните летови меѓу Белград и Приштина“, соопштија од американската амбасада во Берлин.

Слични содржини