АМЕРИКАНЦИТЕ ПОВТОРНО ЗЛАТНИ: Дурант ја предводеше репрезентацијата до победа над Франција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на САД освоија златен медал на Олимписките игри во Токио, откако во саботата во финалето ја совладаа Франција со 87:82.

Французите пружија многу силен отпор, неколку пати беа блиску во резултатот, но не успеаја да направат пресврт, како што направија во групната фаза.

Американците ги предводеше Кевин Дурант со 29 поени, додека Џејсон Тетум постигна 19.

Кај Французите, Руди Гобер и Еван Фурние постигнаа по 16 поени, Герсон Јабуселе 13 поени.

Во мечот за бронзата, од 13 часот ќе се сретнат Австралија – Словенија.

Слични содржини